1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Условена поддршка од Бугарија за Македонија

БГ/миа30 октомври 2012

Шефот на бугарската дипломатија, Николај Младенов изјави дека Скопје треба да исполни одредени услови за да добие поддршка од Софија за европската интеграција.

https://p.dw.com/p/16ZH4
Фотографија: AP

Бугарија ја поддржува евроинтеграцијата на Македонија, но не по секоја цена, изјавил вчера во Благоевград шефот на бугарската дипломатија Николај Младенов.

„Има определени услови кои од наша гледна точка треба да се исполнат за да продолжи да се материјализира нашата поддршка на начин на кој тоа се прави веќе 20 години“, истакнал Младенов.

На средбата со претставниците на локалната самоуправа во Благовеград, тој посочил дека Бугарија е земјата која има најголем интерес Македонија да оди по патот кон ЕУ, исполнувајќи ги критериумите.

„Нашата поддршка е конструктивна и се базира на генералната позиција дека сите наши соседи од Западен Балкан треба да бидат дел од ЕУ. Истовремено Бугарија стриктно се придржува кон принципите и критериумите за членство меѓу кои и развивањето и поддржувањето на добрососедските односи. Бугарија нема територијални претензии кон никој од соседите, но сметаме и дека нашите соседи не треба да имаат малцински претензии кон Бугарија бидејќи во бугарската држава и општество секој е слободен да се декларира како што сака“, изјавил бугарскиот министер за надворешни работи.

Младенов, како што пренесува БТА, нагласил и дека е важно Бугарија и Македонија заедно да ги чествуваат празниците и историјата за да можат заедно да ја градат и иднината.