1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Условениот увоз на пченица и брашно останува на сила

АТ/ миа/ макфакс21 јули 2013

Министерот за земјоделство на Македонија денеска соопшти дека останува на сила времената мерка за условен увоз на пченица и брашно во земјата. Спoред Димовски, Србија, која реагираше на оваа одлука, покажала разбирање.

https://p.dw.com/p/19BP2

Мерката за условен увоз за пченица и брашно останува на сила до предвидениот рок до 31 декември годинава, односно се‘ до стабилизирање на пазарот и редовниот откуп на македонска пченица и нема да претрпи никакви измени, најави денеска (21.07.) министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

Министерот изрази уверување дека Србија, и покрај одредени најави, нема да воведе реципрочни мерки за македонското вино и домати, благодарение на правовремената реакција од македонска страна и цврстите аргументи за воведувањето на мерата за ограничен увоз.

„Мерката не се однесува посебно за некоја држава, туку важи за сите земји. Изминатиот период имавме разговори со Србија, која се јави како најзасегната страна. Искажавме аргументи со конкретни податоци и причини за воведување и тие се прифатени во целост. Взаемен е заклучокот дека до стабилизирање на пазарните услови и редовниот откуп на пченицата од годинешната реколта мора да се дојде за што е потребно да се применува мерката“, рече на денешната прес-конференција Димовски.

Според министерот, пазарот во Македонија е либерален, но државата е обрзана во согласност со Законот за земјоделство и рурален развој да го заштити домашното производство.

Солгасно договорот од ЦЕФТА, како што појасни Димовски, во случај на пореметување на домашниот пазар за одреден производ државите членки имаат можност за заштитна мерка која ќе придонесе за регулирање на пазарните односи и на понудата и побарувачката се' до негово стабилизирање.

Deutsch: Flagge des Zentraleuropäischen Freihandelsabkommens (CEFTA)

Мерката предвидува обврска оној кој ќе увезе еден килограм пченица, да треба да откупи три килограми домашна пченица, односно доколку увезе еден килограм брашно да треба да откупи четири килограми пченица.

Министерот Димовски информира дека македонската влада изготвила предлог-закон за квалитет на земјоделски производи со кој, меѓу другото, се предвидени заштитни маркици за увоз на брашно со што, како што истакна, ќе се воспостави потребната контрола.