1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Успех на двата германски претставника во Купот на УЕФА

15 февруари 2007

Баер Леверкузен ќе оди на реваншот со минимална предност, Вердер со поголеми шанси за пласман во осминафиналето

https://p.dw.com/p/Aegd

Баер во Леверкузен го совлада англискиот претставник, прволигашот Блекбурн Роверс, со 3 спрема 2. Добрата игра не беше крунисана со поубедлива победа, иако Баер до 4 минути пред крајот имаше два гола предност, што би му давале подобри шанси за реваншот на 22-ри февруари. Но, и вака може да се надева за пласман во осминафиналето на реномираното европско фудбалско натпреварување, за прв пат по 12 години, смета тренерот Михаел Скибе. “Се’ уште имаме добра појдовна позиција, но со 3 спрема 1 би влегле позасилени во реваншот” – жали и Скибе поради примениот гол во финишот.

Вердер, пак, со една нога веќе е во наредниот круг по победата во Бремен против Ајакс со 3 спрема 0. Таа предност му овозможува мирен пат на реваншот во Амстердам. Разбирливо е задоволството на тренерот Томас Шаф: “Мислам дека прикажавме добра партија, го спроведовма она што го планиравме – постојано, сите 90 минути, да го ставаме противникот под притисок”. Успехот добро му дојде на Вердер по двата последовни првенствени пораза, со што ја загуби челната позиција во Бундеслигата.