1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Успех на хомосексуалните парови пред Уставниот суд

ЖА/дв/дпа/афп19 февруари 2013

Хомосексуалците во Германија смеат во иднина да го посвојат претходно земеното дете на истополовиот партнер, реши Уставниот суд. Со тоа тој бара исти права за хомосексуалците како и за брачните парови од различен пол.

https://p.dw.com/p/17hEk
Фотографија: picture-alliance/dpa

Пред Уставниот суд во Германија стигнаа две слични жалби. Во едната се жалеше лекарка од Минстер, чија партнерка во 2004. година посвоила девојче од Бугарија. Таа во меѓувреме има 13 години и живее заедно со „две мајки“ во заедничко домаќинство, но барањето на лекарката и таа да биде внесена во документите како посвоител, беше одбиено. Слично беше и со маж-хомосексуалец, чиј партнер претходно посвоил дете од Романија. Зашто во Германија, и покрај бројните правила за рамноправност, барем кога станува збор за посвојувањето дете, законодавецот се‘уште прави разлика меѓу истополовите и „нормалните“ брачни заедници. Зашто, кај паровите на маж и жена т.н. сукцесивно посвојување се прифаќа без проблеми. Првиот сенат на Уставниот суд недвосмислено утврди дека постоечките прописи го „кршат правото на рамноправност како на засегнатите деца, така и на животните партнери“. На германскиот парламент, Бундестагот, му е наложено до 30. јули идната година да го промени законот, а сукцесивното посвојување да биде можно уште од донесувањето на одлуката на судот. Во круговите на хомосексуалците оваа одлука е примена со големо задоволство.

Slowenien Abstimmung Adoptionsrecht für homosexuelle Paare
Фотографија: Reuters