1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Успешна приказна - 27 години Шенген

Харди Граупнер / Елизабета Милошевска Фиданоска 12 јануари 2013

Дваесет и седум години по потпишувањето на Шенгенскиот договор, Германија може да извлече позитивен биланс. Поголемата слобода на патување не значи и помала безбедност.

https://p.dw.com/p/17CHm
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Укинувањето на внатрешните европски гранични премини за контрола на сообраќајот на лица беше долг процес. На почетокот, на 14 јуни 1985 година, само државите на Бенелукс, Германија и Франција го потпишаа таканаречениот „Шенген 1“ договор, односно Изјавата за намери. Пет години подоцна следуваше договор за „спроведување“ на ваквата изјава за намери, познат како „Шенген 2“. Таа пак, пет години подоцна, на 26 март 1995 година, стапи во сила – одлагање кое се должеше, меѓу другото, и на германското обединување.

На 21 декември 2007. година се приклучија девет други земји, меѓу нив и источните соседи на Германија, членки на ЕУ - Полска и Чешка. Токму оваа фаза од проширувањето на договорот предизвикуваше големи стравувања. Од аспект на многу, главно регионално обоени, медиумски извештаи од тоа време, укинувањето на контролите на источната граница на Германија значеше катастрофа за внатрешната безбедност. Постојано се цитираше разликата во благосостојбата за да се демонстрира дека неизбежна последица од укинувањето на граничните контроли би било огромно зголемување на криминалот.

Infografik Die Staaten des Schengener Abkommens englisch NEU!

Безбедносната архитектура издржа

Не се случи ништо слично. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи во Берлин, Маркус Бејер, изјави дека тоа се должи на фактот што полицијата и натаму е активна, само што се менува нејзината тактика. „Укинувањето на граничните контроли не значи дека полицијата генерално се повлекла“, нагласи тој. „Ние сме земја среде Европа и со тоа сме земја низ која патуваат криминалци, а тие се гонети преку контроли на територијата на цела земја и целни акции на потрага од страна на сојузната полиција.“

Статистиката за криминални дела за источногерманската покраина Бранденбург, која има долга граница со Полска, покажува вчудовидувачки податоци. Во 2008 година, годината по приклучувањето на Полска во Шенген-зоната, стапката на криминал дури и се намали за цели 12 проценти во споредба со годината претходно. Бејер вели дека тоа се должи на прекуграничната полициска соработка во целиот Шенген- простор. Со електронскиот безбедносен систем СИС на располагање се има инструмент со кој споредбата на податоци за осомничени лица и криминалци се прави за само неколку секунди.

Symbolbild Visum Schengener Staaten
Шенген донесе поголема слобода на патувањеФотографија: katatonia/Fotolia

Благодарение на „Шенген“ на германските полицајци во многу случаи им успева да ги следи натаму осомничените во соседните земји. Со Полска, на пример, има договор кој овозможува вакво прекугранично полициско овластување. Франција, меѓутоа, досега отфрла ваква можност.

Преку граница – покомотно и порелаксирано

На милиони Германци Шенген-зоната им донесе пред се‘ поголема слобода на патување – некомплицирано патување со преминување на граници без да се чека во колони, шопинг на другата страна од границаста или одмор во странски земји без стрес, кои честопати веќе и не се сфаќаат како странство. Освен тоа, тука се и економските позитивни аспекти од дозволата за слободен проток на производи и неограничен пристап до пазарите на работна сила.

Зигфрид Берент е економски менаџер во инвестициската сфера и работи во Франкфурт на Одра, на полската граница. Тој тврди дека Германија е добитник од Шенгенскиот процес и укажува на зависноста на својата земја од извозот. „Со зголемувањето на куповната моќ во Источна Еввропа се создава се‘ поголем нов, посилен пазар за нас“, вели Берент. „Тука е и предноста што ја носи обезбедувањето на стручна работна сила. Со целосната слобода на пристап од пазарите на труд од 2011 година, германските претпријатија повторно имаат шанса да добијат добри стручњаци кои се образувале во Источна Европа.“

Ein Schild mit der Aufschrift Bundesrepublik Deutschland
Колоните на граничните премини се минатоФотографија: picture-alliance/ZB

Благодарение на „Шенген“ зајакна и соработката во правосудството, од која профитира и Германија. Сега се можни побрзи испораки на лица кои сториле кривично дело, како и побрзо спроведување на пресудите. Шенгенскиот договор го олеснува и односот на Германија кон лицата кои илегално влегле во земјата. Врз основа на таканаречените договори за реадмисија ваквите лица можат да бидат протерани во земјата преку чија граница влегле во Шенгенскиот простор.