1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Утврдена причината за падот на авионот со Трајковски

ЕМФ/макфакс4 септември 2014

Целосно се утврдени причините за падот на авионот во кој беше поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, изјави денеска шефот на истражувачкиот тим Омер Кулиќ, додавајќи дека не може да изнесе повеќе детали.

https://p.dw.com/p/1D6JA
Местото на несреќата (архива)Фотографија: AP

Омер Кулиќ денеска (4.09) за агенцијата Срна изјави дека извештајот за авионската несреќадо крајот на септември ќе им го предаде на Обвинителството на БиХ и на локалните власти, како и на македонскиот обвинител и македонските власти, пренесува Макфакс.

„Точно утврдивме што се случило. Во истрагата беа опфатени сите актери од тој настан, не смеам да кажам кој е одговорен, наша задача е да испитаме како дошло до падот на авионот, тоа ќе му го кажеме на нашиот и на македонскиот обвинител, а нивна одлука е што натаму ќе прават со извештајот, бидејќи тоа се светските стандарди во вакви активности“, рече Кулиќ.

Според него, истражниот тим го лоцирал комплетното случување и ги лоцирал сите учесници во синџирот на случувањата.

Истагата за падот на „кингерот“ повторно беше отворена на барање на Македонија,по прибраните дополнителни докази на македонското Министерство за внатрешни работи, пишува босанскиот порталот klik x.

Mazedonien Boris Trajkovski
Претседателот Борис Трајковски загина во февруари 2004 годинаФотографија: AP

Комисијата за испитување на причините за несреќата, која претходно ја формираше Советот на министри на БиХ, заклучи дека причината за падот на авионот била „процедурална грешка на пилотската екипа во фаза на слетување на мостарскиот аеродром, која доведе до тоа авионот да удри во брдо“.

Во првичната истрага, обвинителството на БиХ за авионската несреќа кај Мостар, во која загина претседателот Трајковски, шест членови на делегацијата и двајца пилоти, не обвини никого, бидејќи немало елементарни докази за покренување на кривична одоговорност.

Покрај претседателот Борис Трајковски, во несреќата загинаа и советниците од неговиот кабинет, Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски, Анита Лозановска, службеникот од МНР, Миле Крстевски, членовите на обезбедувањето Борис Велинов и Аце Велиновски, како и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.