1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уште петмина спасени по лавината на Хималаите

ЖА/дв/дпа24 септември 2012

По големата лавина во Непал со најмалку девет загинати, спасени се петмина планинари кои се водеа за исчезнати. Потрагата по останатите тројца исчезнати е прекината поради лошото време.

https://p.dw.com/p/16DHJ
Фотографија: picture-alliance/dpa

Локалниот шеф на полицијата Басанта Бахадур Кунвар не можеше да потврди од која националност се спасените планинари.

Тројца алпинисти, двајца Французи и Канаѓанец, денеска се‘ уште се сметаат за исчезнати по вчерашното свлекување на лавина од 8.156 метри високиот врв Манаслу на Хималаите.

Најмалку девет лица, меѓу кои еден Германец, четворица Французи, еден Италијанец, најмалку еден Шпанец и еден непалски шерпас загинаа во една од најголемите трагедии во највисоката планина на Земјата во последните децении.

Петмина настрадани алпинисти се транспортирани со хеликоптер од нивниот базен камп на лекување во болница во главниот град Катманду.

Поради ниските температури спасувачките екипи привремено ја запреа акцијата на потрага по исчезнатите алпинисти.

Времето на Хималаите е секогаш непредвидливо. Така вчера по повеќедневното студено време се појави сонце, што ја предизвика лавината.