1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уште сега е неспорно дека Путин ќе победи

22 ноември 2007

Рускиот претседател Владимир Путин вчера за наредните месеци најави целосна обнова на врвот на земјата. Според уставот тој мора на пролет идната година, по два мандата, да ја напушти претседателската функција.

https://p.dw.com/p/CQMV
Владимир Путин „супер стар„!Фотографија: AP

На 2 декември во Русија ќе се одржат парламентарни избори, а во наредниот март и претседателски.

Путин е кандидат на неговата партија на парламентарните избори и би можел да стане премиер, зашто експертите сметаат на победа на „Единствена Русија„.

Предизборна манифестација „Форум на приврзениците на Путин„ во спортската арена Лужники во Москва. Главно млади луѓе со знамиња и пароли од многу делови на Русија за да му оддадат почит на Путин:

„Во наредните месеци раководството на нашата земја целосно ќе биде обновено. За тоа успешно да се спроведе, за да можат идните претседател и парламентот ефикасно да соработуваат, нам ни е потребна победа„.

Беше пречекан како супер-ѕвезда, постојано прекинуван со повиците „Путин,Путин„! Спорстаката сала украсена со огромни плакати во боите на националното знаме. Декорацијата не остави никаков сомнеж: станува збор за Русија:

„Вашата поддршка е важна. Секој град, секоја улица, секој дом треба да почувствува дел од обновата кон подобро. Луѓето сакаат да живат достоинствено, како што им прилега на граѓаните на Русија„.

Навидум, не стануваше збор за офиицијална предизборна манифестација на партијата „Единствена Русија„ за која Путин е кандидиран на првот место. Ниту имаше покани. Барањата на новинарите за акредитација партијата ги одбиваше и укжана на прес-службата во Кремљ.

Додека опозицијата во телевизиските вести скоро да ја нема, сите државни канали опширно известуваа за настапот на Путин кој првпат се појави во предизборната кампања. Тој на опозицијата и префрли дека сака слаба и болна држава што ќе биде дезориентирана и корумпирана. Се обраќа до странските амбасади и се надева на финансиска поддршка од странски фондации и влади, рече Путин.

Остана нејасно, инаку, што мислеше Путин со неговите забелешки дека победата на партијата не е потребна само за парламентарните избори, туку и за претседателските. Уставот не предвидува трет мандат, па затоа во Кремљ се фаворизира идејата за национален лидер кој како морален и политички поглавар би ги влечел конците од заднина.