1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фабијан Хамбихен - нов спортски херој на Германија

10 септември 2007

Златен медал за Хамбихен на вратило. Германија ја брани титулата светски првак во фудбал. Светски рекорд на Пауел на 100 метри

https://p.dw.com/p/BeG5
Фабијан ХамбихенФотографија: AP

19-годишниот гимнастичар Флоријан Хамбихен од Вецлар на светското првенство во гимнастика, што се одржа во Штутгарт, освои златен медал во дисциплината вратило, оставајќи ги зад себе Словенецот Алојз Пеган и Јапонецот Хисаши Мизутори. Претходно Хамбихен освои сребрен медал во гимнастичкиот повеќебој поединечно, и бронза како член на германската селекција во екипните натпревари. “Целото светско првенство беше како сон и сега го имам целиот кимплет од медали, поради што сум суперсреќен. И денеска на вратило – беше вистински бомба!” – рече Хамбихен по вчерашниот триумфален настап.

Во Кина денеска започнува светското првенство во фудбал за жени. Германија ја брани титулата. Сојузниот тренер на репрезентацијата Силвија Најд спроти почетокот изјави: “Кога в понеделник ќе биде даден знак за старт, прво остануваме без нашата титула. Но, убавото е во тоа што можеме и да си ја вратиме”.

24-годишниот атлетичар од Јамајка Асафа Пауел на митингот во италијанскиот град Риети го подбри сопствениот светски рекорд во трчање на 100 метри. Новото најдобро време изнесува 9 секунди и 74 стотинки, три стотинки подобро од досегашниот рекорд што Пауел го постигна пред околу две години во Атина.

Зоран Јордановски