1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Фабрика за текстил“ изговор за производство на атомско оружје

13 декември 2006

Изјавата на Ехуд Олмерт дека Израел поседува атомско оружје, на извесен начин ги поврди смневањата кои постојат одамна

https://p.dw.com/p/Adux

Во 60тите години, туристите кои доаѓаа на одмор на Мртвото море, мораа да минат низ пустината Негев, и крај градчето Димона, претежно населено со доселеници од Севрена Африка. Но недалеку од Димона, јужно од главната улица настана заградена област, која го привлекуваше вниманието на туристите. Оној кој ќе се обидеше да праша што се крие зад оградата, како одговор добиваше „Фабрика за текстил“

Во реалноста во областа не се прозиведуваше текстил туку атомскии бомби. Само неколку години по формирањето на државата, тогашниот премиер Давид Бен Гурион му даде налог на подоцна Носителот на Нобвеловата награда Шимон Перес да формира комисја за атомска енергија. Со помош на Франција Израел почна со изградбата на наводната фабрика за текстил и упште неколку други истаржувачки лабаратори во други делови на змејата. Соединетите Држави, подоцна полека ја преземаа улогата од Франција, и на земјата и дадоа на располагање атомски истражувачки реактор.

Сето ова се случи пред да биде формирана Меѓународната агенција за атомска енергија во 1957 година и пред да биде усвоен договорот за неширење на атомско оружје во 1968 година. Израел се приклучи кон агенцијата но не и кон договорот. Со тоа атомскиот цетнар во Димона се извлече од каква и да е делотворна контрола, иако Бен Гурион во 1968 година призна дека станува забор за атомски реактор. – кој наводнио служи за мирнодобски цели. А кога еднаш беше спровдена контрола, инспекторите беа измамени: Израел ги заѕида влезовите на повеќекатната подземна област, а инспекторите на приземјето видоа само безопасна лабароаторија и канцеларии.

Што се случувало под површината на земјата, информации за ова во јавноста првпат продреа во 1986 година. Мордехаи Вануну од Мароко во Димона работел осум години. Во интервју за британскиот Сандеј Тајмс тогаш тој изнесе планови и фотографии од посторјката во Димона.

Но тој требаше да знае дека ваква не дискретност се третира како државно предавство и нема да остане без последици. Вануну се однесуваше наивно и мислеше дека во Лондон е надвор од досегот на израелските тајни служби. Една дама го намами Вануну во Рим, од каде беше префрлен во Израел. Вануну во 1986 година беше осуден на 18 години затвор, кои ги одлежа до последен ден. Дури и по неговото ослободување 2004 година, на Вануну кој во меѓувреме конвертираше во христијанин, му беше забрането да ја напушти државата и да има кокотнаткт со медиумите. Сега Вануну цинично забележува, дека и премиерот Ехуд Олмерт би морал слично да биде казнет, откако призна дека Израел располага со атомско оружје.

Олмерт всушност не кажа ништо ново: од крајот на 60тите години се слушаат гласини дека Израел располага со атомско оружје, Експертите сметатат дека поседува повеќе стотици атомски боеви глави. Наспроти старите атомски сили, Израел не се заканува со своето оружје, туку го обвиткува во небулозно молчење. Но речиси сите соседи на Израел па се до Иран веќе одамна се убедени дека Израел неофицијално припаѓа во атомскиот клуб.

Но и покрај ова соседите со години беа повлечени: Египет и Саудиска Арабија се откажаа од сопсптвени истражувања, Либија беше возвратена од идејата да направи атомска бомба, само Иран продолжува со своите активности, кои треба да служат само за мировни цели, имено за производство на енергија. Спорот со Иран кој трае со години, полека буди интерес и кај Египет и Саудиска Арабија, и самите на му пристапат на блиско источниот атомски клуб, а несаканото признание на Олмерт може повеќе да го засили овој интерес. Но пред се смее ли притисокот на Западот врз Иран и натаму да биде абсуреден: наспроти Ерлусалим, Техеран е потписник на договорот за неширење на атомско оружје, допушта контроли на неговите постројки и оспорува секаква амбиција за атомско оружје.