1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Jugend Internetsucht

5 јули 2009

Околу еден милион Германци се зависни од компјутерите и сурфањето на интернет, вели една нова студија. За зависник се смета оној, кој во своето слободно време минува од 30 до 40 часа неделно на интернет.

https://p.dw.com/p/IgaE
Фотографија: PIcture-alliance / dpa

Отечени очи, бледо лице, раце што се тресат: околу еден милион Германци се зависни од компјутерите и сурфањето на интернет, вели една нова студија. За зависник се смета оној, кој во своето слободно време минува од 30 до 40 часа неделно на интернет. Психолозите потврдуваат дека таканаречените интернет зависници дневно минуваат и по 15 часа на интернет. Ова е и тема на годишната конференција наречена „Интернет и комјутерски игри - кога почнува зависноста?“, која се одржа (03.07.2007) во Берлин, во организација на пратеникот на германската влада за прашања на зависности, Сабине Бацинг.

Како изгледа зависноста

Херберт В., кој не сака да го каже своето цело име, денес имаше добар ден. Прво го купи новиот албум на неговиот омилен бенд. Потоа посети еден пријател и на крај дома играше три партии покер – се‘ тоа онлајн. Четириесет и четиригодишниот жител на Диселдорф е зависен од интернет. За него се‘ се сведува на вештачкиот свет од светската копнјутерска мрежа.

„Кога имам слободна вечер, веднаш одам брзо дома за да се приклучам на интернет и така со задоволство минувам шест до седум часа. Секако, наредното утро сум целосно уморен и едвај се одвлечкувам до работа.Така ми минува скоро секој ден.“

Internetcafé in Moskau
Кога ќе се претера...Фотографија: AP

Пред шест месеци, го напушти сопругата. Сега Херберт бара утеха во интернетот. Оттогаш, Херберт, кој по професија е електро-техничар, постојано доцни на работа, таму не покажува посебен ангажман и не зборува со никого. Уморен, лошо расположен и отсутен – само во такво светло колегите го знаат Херберт В. За Вернер Хибнер од Асоцијацијата за психотерапија низ разговор, ова однесување несомнено има карактер на зависност.

„Едноставно сите знаци, кои ги познаваме од другите видови на зависност, се пренесени и на овој нематеријален медиум. Тоа подразбира нагон да не можеме да престанаме со сурфањето, потоа веднаш по станувањето рано наутро да помислуваме: кога ќе можам да седнам пред компјутерот? Зашто, тој е мојот пријател, преку него ги остварувам социјални контакти, на кои им се радувам. Тоа е паралелен свет, којшто се создава и кој добива се‘ повеќе простор во однос на реалниот.“

Паралелен свет

Killen am Computer - Ein harmloser Kinderspaß Conter-Strike
Магнет се и компјутерските игриФотографија: picture-alliance / dpa

Интернет зависниците пишуваат мејлови, интензивно сурфаат и четуваат, секогаш кога се во можност. Ако зависникот не е приклучен на мрежата, се плаши дека ќе пропушти нешто важно, тој е немирен, хаотичен, лошо расположен и нервозен. Причините за бегство во мрежата се длабоки и често се истите, како и кај другите зависности: осаменост, проблеми во семејството, стрес на училиште, невработеност. Младите се особено загрозени, вели психологот Вернер Хибнер.

„Тие не се деца, но уште не се ни возрасни. По сите правила, тие се‘ уште не се подготвени за животот. И сега се појавува можност да станат моќни со посредство на некој медиум. Со интернетот имам пристап на пример до многу податоци во светот. Секоја информација можам да ја добијам многу брзо. Музиката која се објавила вчера, веќе денес можам да ја имам на мојот компјутер. Така младите освојуваат царства и стануваат херои.“

Лечењето е макотрпно

Лечењето на зависноста од интернет не е едноставно, бидејќи денешното секојдневие не може да се замисли без компјутерите. Банкарски трансакции, возен ред, пополнување формулари – се’ е достапно на интернет. Со дисциплина и строги правила за користење на интернетот, зависноста може да се стави под контрола. Ако некој не може сам да излезе од ситуацијата, секогаш постои можноста да се обрати на психолог или на група за самопомош. Сепак, првиот чекор во лекувањето е заболените да осознаат дека се болни. Херберт В. од Диселдорф за жал се‘ уште не е дотаму стигнат.

„Мене ми претставува задоволство и всушност само сум уморен. Не се чувствувам болен.“


Автор: Надја Баева/ Ана Алибегова

Редактор: Жана Ацеска