1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фатено отровно писмо упатено до американски сенатор

ЕМФ/миа/дв17 април 2013

Рутинската контрола му го спаси можеби животот на републиканскиот сенатор Роџер Викер - поштенскиот оддел во Конгресот фати писмо кое содржело отров рицин. Писмото има печат од Мемфис, но е без адреса на испраќач.

https://p.dw.com/p/18HAm
Фотографија: AP

Писмото до републиканецот Роџер Викер од сојузната американска држава Мисисипи на прв поглед изгледало нормално. Печатот е од Мемфис, но нема адреса на испраќачот, вели сенаторот Теренс Гејнер. Рицинот предизвикува смрт и во најмали дози доколку биде проголтан. Ако се вдише овој тров, настапуваат проблеми со дишењето.

Писмото не стигнало до канцеларијата на сенаторот Викер. Пликот бил отворен не во седиштето на американскиот Конгрес, во Капитол, туку во друга зграда во Вашингтон.

По терористичките напади на 11 септември 2001 година, во текот на неколку недели до повеќе сенатори беа испраќани писма кои го содржеа смртоносниот вирус антракс. Пет лица кои биле во контакт со писмата починаа, а 17 беа инфицирани. Полицијата не успеа да ги открие терористите, откако главниот осомничен, научникот Брус Едвардс Ивинс, изврши самоубиство. Во 2004 година, во канцеларијата на сенаторот Бил Фрист пристигна писмо со рицин, но немаше смртни случаи.