1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ФАЦ: Преспанскиот договор, па евентуални предвремени избори

ЕМФ
11 јануари 2019

Посетата на германската канцелара Ангела Меркел на Грција се реализира во трубулентни времиња за владата на Ципрас поради прашањето на Македонија. Еве што пишува германскиот печат на оваа тема:

https://p.dw.com/p/3BM6s
Griechenland, Athen: Staatsbesuch Angela Merkel
Фотографија: Reuters/C. Baltas

Германската канцеларка Ангела Меркел својата четврта посета на Грција ја почна среде почеток на политички турбуленции во Атина, констатира весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, наведувајќи дека поради прашањето на Македонија коалицијата на Ципрас со деснопопулистичката партија „Независни Грци“ (АНЕЛ) се заканува да се распадне. Во текстот, меѓу другото, се вели:

„Нивниот партиски шеф (на Независни Грци, н.з.) Панос Каменос сака да ја напушти владата во знак на протест против наводно предавничкиот договор со Скопје. Меѓутоа, веројатно нема да го следат сите пратеници. Најмалку двајца парламентарци на АНЕЛ најавија дека ќе гласаат за договорот (од Преспа, н.з.). Ципрас може да смета и на некои други опозициски пратеници. „Секој човек кој размислува логично во Евроа го претпочита договорот“, вели Ципрас за договорот со Скопје. Меркел вчера застана јасно зад него и повика да се даде согласност за договорот. Тоа ќе им биде од полза на сите, оцени Меркел. Ципрас веќе јасно кажа што планира да направи во случај на повлекување на АНЕЛ: ќе го постави прашањето за доверба на владата, меѓутоа пред да бидат распишани предвремени избори во парламентот уште овој месец ќе бидат истуркани договорот со Скопје, како и некои централни закони. За тоа веројатно ќе има неопходно ад-хок мнозинство.“

Повеќе: 

Меркел од Грција бара согласност за Договорот од Преспа

Меркел ќе интервенира кај Мицотакис за договорот со Македонија

„Бадишес тагблат“ коментира дека поради прашањето на Македонија Ципрас е соочен со опасност да не биде веќе столб на стабилност:

„Решавањето на конфликтот со Македонија би било важен сигнал за цела Европа. Но, на Ципрас му откажуваат послушност коалициските партнери и опозициската Неа Демократија (сестринска партија на ЦДУ/ЦСУ). Во многу ЕУ-земји - во Полска, Унгарија и во земјата која претседава со ЕУ, Романија - стабилноста е непознат збор. Грција би можела набрзо да припаѓа на оваа несакана алијанса. Доволна причина за Меркел да ја искористи фазата на нормалност и да негува пријателства додека ги има.“

Осврнувајќи се на односот на Меркел и Ципрас, „Фолксштиме“ од Магдебург оценува:

„Во левичарскиот премиер Ципрас, кој долго време ѝ беше противник, таа во меѓувреме има соработник на европскиот проект. Двајцата се залагаат за крај на спорот за името со Македонија, што е предуслов за пополнување на ЕУ-празниот простор на Западниот Балкан. За Меркел, која се наоѓа во есента на своето канцеларување, тоа е и добра шанса за поправање на нејзиниот европски биланс.“