1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фајон: Безвизниот режим не е загрозен

Тони Гламчевски15 јуни 2012

Сепак ситуацијата е доволно критична, што не дозволува да се исклучи можноста за обид за затворање на границите во Европа и за суспендирање на безвизниот режим за Западен Балкан, вели за ДВ, европратеничка Тања Фајон.

https://p.dw.com/p/15Fao
Фотографија: katatonia/Fotolia

Иако тоа нема никаква директна поврзаност со безвизниот режим за третите земји, значи и за целиот Западен Балкан кој обезбеди безвизен режим, тоа што денес се случува во Европската Унија, во која земјите членки се обидуваат да ги изменат правилата на Шенген зоната и слободата на движење во Европа длабоко го загрижува Европскиот парламент, нагласува известувачката во ЕП за безвизниот режим.

Се намалува бројот на азиланти од Македонија

„Во случајот со Македонија, последниот извештај на Фронтекс беше многу позитивен, кога ќе се направи споредба со истиот период лани, имаше помалку нејзини државјани кои во првите три месеци на годинава побарале азил во земјите од Европската Унија.“

Според Тања Фајон, ситуацијата со Македонија не е алармантна, најмногу азиланти сега доаѓаат од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

„Во секој случај тоа што денес се случува во Европската Унија е нешто би требало сите нас да не загрижи. Слободата на движење е основно човечко право и мислам дека треба сериозно да го задржиме тоа право“ ,додава таа.

Tanja Fajon, Mitglied des EU-Parlaments
Известувачката во ЕП за безвизниот режим, Тања ФајонФотографија: DW/Alen Legovic

„Слободно можам да кажам дека не е ставен во прашање безвизниот режим, се’ уште постојат контролните механизми за тоа што се случува и колку азиланти и мигрантни доаѓаат од земјите за кои важи безвизниот режим. Ова е одвоен процес. Но во целата ситуација кога е во прашање слободата на движење, треба да бидеме сите претпазливи. Тоа што ние сме возбудени како државјани на Европската Унија, тоа може набрзо да се случи и за граѓаните кои живеат во нашето директно соседство“, оценува словенечката европратеничка.

Европскиот парламент суспендира пет законски текстови во знак на протест

Европскиот парламент искажа многу критики за одлуката на министрите за внатрешни работи на ЕУ и на Данска како претседавач со Советот, што дозволија да се менува правната основа на шенгенските правила.

Вчера (14 јуни 2012) Европскиот парламент донесе одлука да ги суспендира преговорите со европските влади за пет предложени зкаонски текстови, се додека владите не му ги вратат надлежностите во процесот на одлучувањето за реформата на Шенгенскиот договор.

Петте суспендирани законски текстови се однесуваат на внатрешните работи и правдата, односно извештајот за минување на границите и конвенцијата за спроведување на Шенгенскиот договор, извештајот за информатичката безбедност, извештајот за одлуката европски истраги, извештајот за трансферот на податоци за патниците си авион во САД и на крајот аспектите за 2013 година на буџетот на ЕУ кои се однесуваат на безбедноста.

„Ова е одлука без преседан, од пред осумнаесет години колку што заседaвам во Европскиот парламент“, изјави претседателот на ЕП Мартин Шулц. Според него се работи за „екстемна одлука како одговор на екстремна одлука на Советот на ЕУ, кој не може како извршен орган да очекува од Европскиот парламент да се подведува.“