1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ФБИ спречи терористички напад

9 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag64

ФБИ според сопствени извори спречиле терористички напад врз воена база во Њу Џерси. Власите вчера објавија дека шесте уапсени лица имале намера да убијат колку што е можно повеќе војници.

ФБИ соопшти дека планот за нападот врз базата Форт Дикс бил откриен, откако лицата направиле видео снимка од вежба со оружје. Видео снимката ја однеселе во видотека за да направат ДВД копии. ФБИ на прес конференција соопшти дека сопственикот на видоетеката ги алармирал властите, по што пред повеќе од една година во групата било вметнато лице информант.

Се претпоставува дека лицата за нападот тренинареле на планинска област и набљудувале повеќе воени објекти во регионот. Лицата се уапсени при обид да купат автоматско оружје. Четворица од уапсените биле родени во поранешна Југославија, еден во Јордан и еден во Турција.

Во базата Форд Дикс во Њу Џерси работата околу 15.000 војници, резевисти и цивили.