1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фетел победник во Канада

ЖА/миа10 јуни 2013

Возачот на „Ред Бул“, Себастијан Фетел, на доминантен начин триумфираше на трката од Формула 1 за Големата награда на Канада, што синоќа се возеше на патеката „Жил Вилнев“ во Монтреал.

https://p.dw.com/p/18meN
Фотографија: picture-alliance/dpa

За Фетел ова беше трета победа сезонава или 29.та во кариерата. Место на подиумот изборија и Фернандо Алонсо од „Ферари“ како и Луис Хамилтон од „Мерцедес“.

Трката мина во доминацијата на победникот Фетел на првата позиција, како и дуелот за второто место, кое на крајот му припадна на Алонсо.

Во генералниот пласман води Фетел со 132 бода, пред Алонсо со 96, а Кими Раиконен има 88 и е на третото место.

Кај конструкторите „Ред Бул“ е лидер со 201 бод, а „Ферари“ е втор со 145.

Следната трка се вози на 30 јуни на патеката „Силверстоун“ за Големата награда на Британија.