1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фетел фуриозно и во новата сезона

27 март 2011

Актуелниот светски првак, Германецот Фетел во извонореден стил ја започна новата сезона. Убедлива победа на трката за Големата награда на Австралија, пред Британецот Хамилтон и Русинот Петров.

https://p.dw.com/p/10i93
Себастијан ФетелФотографија: AP

Пилотот на Ред Бул, Себастијан Фетел, со победа ја започна одбраната на титулата, во шампионатот на Ф1. Најмладиот светски првак во историјата на овој спорт, победи на премиерната трка од 62-то Светско првенство во Ф1, која се возеше на патеката Алберт парк во Мелбурн, Австралија.

Фетел, кој трката ја започна од пол-позицијата лесно се справи со конкуренцијата, и без никакви проблеми прв ја мина целта, забележувајќи ја единаесеттата победа во кариерата. Патеката во Алберт парк, Германецот ја мина за еден час, 29:30.259 минути.

Луис Хамилтон, пилотот на Мекларен Мерцедес, ја освои втората позиција, а подиумот го комплетираше Виталиј Петров со своето Лотус Рено. За Русинот, третото место во Мелбурн е најдобриот пласман во кариерата. Алонсо на Ферари и Вебер со Ред Бул го освоија четвртото односно петтото место.

Минатогодишниот победник Џенсон Батон на Мекларен Мерцедес се пласира на шесттата позиција, додека одлична трка извозеа пилотите на Заубер, Кобајаши и дебитантот Перез, освојувајќи го седмото и осмото место, но нивните возила веднаш по трката беа суспендирани. Двајцата возачи на Заубер останаа без бодови откако ФИА утврди неправилности на нивните возила, односно дека болидите во задниот дел биле пошироки од дозволеното.

Трката за ГН на Австралија не ја завршија пет болиди, од 20 колку што се појавија на стартот, целосно разочара екипата на Мерцедес, чии пилоти Михаел Шумахер и Нико Розберг не стигнаа до целта.

Шампионатот на Ф1 продолжува за две недели кога од 8 до 10 април гран при викендот ќе се вози во Малезија.

Автор: БГ/макфакс

Редактор: Жана Ацеска