1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Техника

Фејсбук ќе отвора 10.000 работни места во Европа

Рајнхард Клебер
18 октомври 2021

За создавање интернет на иднината, Фејсбук има намера да ги зајакне своите претставништва во Европа. Во наредните 5 години би требало да се отворат 10.000 работни места со цел да се создаде виртуелен свет - метаверзум.

https://p.dw.com/p/41o3M
Symbolbild Facebook Metaverse
Фотографија: Andre M. Chang/ZUMAPRESS/picture alliance

Главниот менаџер на Фејсбук, Ник Клег, во блог напиша дека отворањето на илјадниците работни места е „доказ за верба во силата на европската технолошка индустрија и во потенцијалот на европските тек-таленти“.

Под метаверзум американскиот интернет џин подразбира свет во кој проширената реалност (AR) и вирутелната реалност (VR) се претопуваат во еден сајбер-свет. Поимот потекнува од американскиот писател Нил Стивенсон, кој го има употребено првпат во својот научнофантастичен роман Snow Crash од 1992 година.

За да се изгради метаверзумот, во Европа ќе бидат отворени 10.000 работни места за висококвалификувана работна сила, објаснува Клег.

Фејсбук е еден од повеќето концерни кои во моментов работат на создавање метаверзум, односно виртуелен свет во кој корисниците ќе се среќаваат, ќе трошат пари, ќе конзумираат медиумска понуда, па дури е можно и да работат. Првиот човек на Фејсбук, Марк Закерберг, на овој проект гледа како на централен за иднината на концернот.

Symbolbild Facebook Metaverse
Фотографија: Dado Ruvic/REUTERS

Отвореноста како централна каратеристика

Метаверзумот, според Фејсбук, би имал потенцијал да помогне за „отворање пристап кон нови креативни, социјални и економски можности“. Ниту една индивидуална компанија нема да го поседува и да управува со метаверзумот. „Исто како интернетот и метаверзумот ќе се одликува со отвореност и интероперабилност.“

Повеќе:

Фејсбук под притисок - секоја им чест на свиркачите!

Рутерот виновен за фијаското на Фејсбук

Конечно повеќе натпревар кај интернет пребарувачите?

Американскиот концерн веќе започнал со тестови на нова апликација за виртуелна реалност за работа од далеку, со која корисниците, како аватар-верзија од себеси, преку специјални слушалки ќе може да учествуваат на состаноци. Во септември Фејсбук за метаверзумот стави на располагање 50 милиони долари. Во оваа сфера работат и други компании, како Роблокс и Епик Гејмс, производителот на Fortnite.