1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Физичкото воспитување во втор план

Антоанела Димитриевска.9 март 2013

Физичката култура односно спортувањето кај децата во Македонија под итно треба да започне поинтeнзивно да се развива и да се спроведува со помош стручњаци уште од најрана возраст. Целта е превентивна, велат експертите.

https://p.dw.com/p/17u9H
Фотографија: picture-alliance/dpa

Физичкото образование е здравје за децата и има за цел создавање спортски навики уште од најрана возраст. Иако постојано се зборува за физичко воспитување, а и Владата преку ресорното Министерство за образование и наука го зголеми бројот на часови од два на три, за жал во пракса часовите во физичко не се реализираат соодветно. Посебно е загрижувачката состојбата кад децата од прво до петто одделение. Иако физичкото образование според стручњаците треба под итно да се воведе уште од предучилишна возраст, во градинките.

Физичкото воспитување го реализираат одделенските наставници кои не се соодветно обучени за демонстрирање на сложените физички вежби. Затоа во процесот на правилно физичко образование под итно треба да се вклучат стручни кадри уште во предучилна возраст, а посебно од прво до петто одделение. Проф. д-р Ленче Алексовска Величковска специјалист по спортска психологија од Факултетот за физичка култура при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј‘‘ од Скопје за ДВ потенцира : „ Затоа нашиот факултет прави напори и алармира до соодветното Министерство, физичкото образование практично да се реализира уште од предучилишна возраст, а потоа и во одделенската настава. За таа цел треба да се вклучат соодветни стручни кадри кои што ќе ги демонстрираат правилно физичките вежби, ќе вршат контрола на вежбите според возраста и во согласност со психофизичкиот развој кај децата.Сето тоа бидејќи многу е важно кои вежби според обем и интензитет ќе се дадат според возраста‘‘, потенцира проф. Алексовска Величковска, а одделенските наставници и понатаму ќе останат ментори.

Sport an mazedonischen Schulen
Фотографија: DW/Antoanela Dimitrievska

Со физичкото ќе се создадат спортски навики и избегнат деформитетите

Кога тоа ќе се реализира наставата по физичко ќе биде контролирана, а што е посебно би се намалиле голем број од деформитетите кај децата, би се контролирала нивната телесната тежина. Што е најважно „ќе се создадат спортски навики кои потоа се повеќе и повеќе ќе се надоградуваат, некои од нив ќе станат и врвни спортисти, но најважно е преку редовни спортски активности да се израснат здрави поколенија ‘‘, потенцираат стручњаците.

За жал сега поради недостаток на физички активности кај децата на возраст од 7 до 10 години во Македонија многу честа е зголемента телесна тежина и бројните дефирмитети на телото посебни на рбетот, како сколиоза, кифоза.

Stichworte: Mazedonien, ,Sport, Schulen Bildbeschreibungen: 2. Bild: Sportunterricht an mazedonischen Schulen
Фотографија: DW/Antoanela Dimitrievska

Лекарите алармираат на голем број искривувања на рбетот кај децата

„Се’ повеќе деца имаат искривувања на рбетот, а што е последица на неправилното држење на телото, претешките школски ранци, но пред се недоволната физичка активност‘‘, посочува д-р Пандели Божиков специјалист по школска медицина од ЈЗУ Здравствен дом од Велес.

„Кога ќе настане некој деформитет самото дете како личност се повлекува од средината бидејќи се лечи и дополнително треба да се ангажира. Но посебно е загрижувачко, дали тоа ќе сака да вежба, а и колку потоа со вежбите неговиот рбет ќе се врати во првобитната положба. Затоа најважно е превентивно да делуваме, со правилно физичко образование од најрана возраст како предуслов за здрави деца‘‘, потенцира д-р Божиков.

А децата ни појаснуваат „ Секако многу сакаме физичко, ама поради презафатеност на салата по фискултура од учениците од повисоките одделенија, ние најчесто часовите по физичко ги одржуваме во училница или во училишниот двор. Нашите наставнички многу ретко ни демонстрираат вежби, а најчесто не пуштаат сами да играме фудбал, додавање топка или да трчаме. Ние сакаме да имаме убави часови во спортската сала. Уште повеќе сме тажни и разочарани кога не знаеме математика, па наместо физичко имаме дополнително час математика‘‘ , велат револтирано малите ученици.