1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Филаделфија во делириум по победата на Супер Боул

5 февруари 2018

Десетици илјади луѓе на улиците на Филаделфија ја прославуваат првата Супер Боул-титула на својот тим во историјата.

https://p.dw.com/p/2s8g5
Super Bowl LII - Philadelphia Eagles v New England Patriots Fans
Фотографија: Reuters/J. Kourkounis

Тимот на аутсајдерот Филаделфија Иглс оствари победа над бранителот на титулата Њу Ингланд Патриотс од 41:33. Со тоа Филаделфија Иглс спречи трета титула во серија за Патриотите околу супер-ѕвездата Том Брејди. Патриотите успеаја да преземат водство само еден единствен пат во текот на натпреварот.

Pepsi Super Bowl LII Halftime Show
Џастин Тимберлејк ја вжешти атмосфератаФотографија: Getty Images/J. Daniels

Во полувремето, пред 73.000 навивачи во Минеаполис настапи Џастин Тимберлејк. 52. Супер Боул се играше на температура од минус 18 степени.

Филаделфија во делириум по победата на Супер Боул