1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Филе: Македонија и ЕУ напролет ќе започнат пристапен дијалог

24 јануари 2012

Македонија и Европската унија напролет ќе започнат пристапен дијалог на високо ниво, најави комесарот за проширување Штефан Филе, по осмиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација на Македонија и ЕУ.

https://p.dw.com/p/13p5k
Штефан ФилеФотографија: AP

Како што посочи еврокомесарот Филе, пристапниот дијалог ќе ја засили соработката на Унијата со земјата во однос на следењето на напредокот во клучните области, меѓу кои ги наведе слободата на изразување, владеењето на правото, реформата на јавната администрација, изборниот процес и борбата против корупцијата.

На денешните средби со еврокомесарот Филе и еврокомесарката за внатрешни работи Сесилија Малмстром, шефот на македонската дипломатија Никола Попоски побарал „да се сочува кредибилитетот на процесот на проширување, а во случајот на Македонија да се примени принципот на заслуги како основа за напредок во пристапниот процес“. Освен тоа, биле разменети мислења за претстојниот Пристапен дијалог на високо ниво меѓу Владата на Македонија и Европската комисија. Притоа била истакната заемна заложба фокусот на дијалогот да биде ставен на следење на реализацијата на реформите во клучните области на правосудството, јавната администрација, медиумите, борбата против корупцијата, како и спроведувањето на економските критериуми за членство во ЕУ.

Автор: СН/макфакс

Редактор. Е.М.Фиданоска