1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Повеќе вакцини до крајот на април

ДТЗ
14 април 2021

Надлежните најавуваат дека е можно рестриктивните мерки да останат на сила и по 20 април, доколку се утврди дека има потреба за тоа.

https://p.dw.com/p/3s0lb
Nord-Mazedonien | Coronavirus | Pressebilder Kabinett des Präsidenten | Venko Filipce
Фотографија: Kabinett des Präsidenten von Nord-Mazedonien

До крајот на април треба да пристигнат 20 илјади дози вакцини „Фајзер“ за имунизација на населението во С. Македонија. Министерот за здравство, Венко Филипче денеска најави дека вакцините се очекува да пристигнат на 19 и 26 април, преку директен договор со компанијата.. До крајот на месецот се очекуваат и преостанатите 76.000 вакцини на „АстраЗенека“ од Ковакс-системот, но и пратката со 200.000 дози од кинеската вакцина „Синофарм“. Планот е  да се отворат вакцинални пунктови во Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Охрид и Тетово.

-повеќе на темата: Среќа во несреќа: дали британскиот сој ќе нѐ заштити од бразилската мутација?

По критичните групи, од утре треба да започне ќе започне вакцинирањето и на граѓаните под 75 години, кои се пријавениле преку системот за вакцинација или преку матичните лекари. Министерот за здравство најави дека најпрво термини ќе добијат сите граѓани на возраст од 73 и 74 години. Досега интерес за вакцинирање искажале околу 155.000 граѓани, а се вакцинирале околу 30 илјади граѓани.

Изминатиов период се забележува намалување на трендот на новозаболени лица од Ковид- 19, а оценката на надлежните е дека тоа е резултат на рестриктивните меркикоишто се воведоа. Но, доколку се утврди дека има потреба, рестриктивните мерки ќе останат на сила и по 20 април. Во моментов на сила е полициски час од 20 часот до 5 часот изутрина.

-повеќе на темата: Лекување во приватните клиники по двојно пониски цени

„Ако има потреба ќе ги продолжиме. Веројатно ќе разговараме викендов и на почетокот на идната недела и ќе ги следиме бројките и менаџирањето со болниците. Тоа беа критериумите врз кои одлучувавме и анлизиравме до сега, а така ќе биде и во текот на следната недела“, порача Филипче.

„Вакцината е единствено решение за излез од Ковид-кризата“