1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Филипче: Се бара задолжително носење маски и на отворено

ЕМФ
8 октомври 2020

Носењето заштитни маски ќе биде задолжително секаде, на отворен и затворен простор, а од ова правило ќе бидат исклучени единствено децата помали од шест години, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

https://p.dw.com/p/3je3b
Nord-Mazedonien: Venko Filipce, Gesundheitsminister
Фотографија: Regierung Nordmazedonien

Комисијата за заразни болести денеска до Владата доставила нови предлог мерки, поради зголемениот број на заразени со Ковид-19 во земјата. Македонскиот министер за здравство Венко Филипче информираше дека се препорачува задолжително носење маски или заштитна опрема во форма на бандана, шал или друг вид прекривка на носот и устата, секаде при престој на отворено, на затворено во кои било јавни објекти, на работно место, и во јавен и приватен транспорт.

Повеќе:

Со песна ќе ти кажам: Музичарите на протест пред Владата

Коронавирус: Зошто семејните прослави и забавите се толку опасни?

Болничките капацитети добри, монтажните болници ќe доцнат

Според министерот за здравство, исклучок од ова правило би требало да се прави при спортување на отворен простор и на затворено со почитување на протоколите за заштита (дистанца, дезинфекција и слично), при транспорт во приватно моторно возило ако сите лица во возилото се од едно семејство или живеат во заедничко домаќинство, при седење во угостителски објект со почитување на соодветните протоколи за дистанца и дезинфекција, како и при престој во службени простории – канцеларија ако лицето е само во просторијата. Исклучок од задолжително носење маска треба да има и за децата до 6 години, односно до претшколска возраст.

Покрај ваквите препораки, се бара и ограничување на групирањето на лица на јавен простор и дома:

„Се забранува групирање на граѓаните во домовите на семејни прослави, слави и други собири во групи. Во едно живеалиште (стан или куќа) е дозволено сопствениците да примат најмногу четири лица. Односно, на семеен настан може да бидат сите кои се со живеалиште на таа адреса плус најмногу четворица други. Анализите покажуваат дека сериозен процент на новозаразени се токму заразени на ваков тип на настани и ова мора да го превенираме“, рече Филипче, додавајќи:

„Со оваа нова мерки дополнително ќе се избегне забавите од кафулиња и барови да се префрлат во домашни услови. Се забранува групирање на јавен простор по 22:00 часот на повеќе од 4 лица. Од истите причини, забрануваме групирање по паркови, бензински пумпи или било каде на отворено на поголема група граѓани“, истакна министерот Филипче.