1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Филип Рикер во посета на Македонија

СН/АМ/миа/макфакс19 август 2012

Високиот претставник на американскиот Стејт департмент и поранешен амбасадор во Скопје, по вторпат годинава престојува во посета на Македонија. Таму ќе се сретне со претставници на владата, бизнисмените и заедниците.

https://p.dw.com/p/15sVf
Фотографија: MIA

Заменикот помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер, по покана од претседателот Ѓорге Иванов, од денеска до 25 август ќе престојува во посета на Република Македонија, соопшти американската амбасада во Скопје.

Како што се наведува, Рикер ќе се обрати на отворањето на Конференцијата на Школата за млади лидери на претседателот Иванов, што ќе се оддржи утре во Охрид.

Посетата ќе ја искористи за средби и со претставници на македонската влада, бизнисмени и лидери на етничките заедници. Рикер ќе сретне со амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс и со вработените во амбасадата на САД.

Заменикот помошник државен секретар Рикер ќе посети и други земји во регионот.

Ова е втора посета на амбасадорот Рикер на Македонија оваа годинава