1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Финансиската криза принуди на штедење во одбраната

Сабине Хартерт/Михаил Бушуев/Чао Хаје/А. Методијев17 април 2012

Шест држави со значајни воени трошоци, вклучувајќи ги и САД, за да заштедат, го редуцираат воениот буџет. Од друга страна, Русија и Кина на тоа гледаат како на можност за изедначување со нив.

https://p.dw.com/p/14fEy
Фотографија: AP

Не се работи за идеја за разоружување на Бразил, Германија, Франција, Велика Британија, Индија и САД, кои преминаа кон кратење на трошоците во одбраната во 2011-та.

„Во многу земји има тенденција да се стават под контрола државните финансии“, вели Карина Солмирано од Институт за меѓународни истражувања во Стокхолм (СИПРИ). За Германија, Франција и Велика Британија експертката прогнозира дополнително намалување во трошоците за одбраната во претстојните години. Слично е и во САД, пред се’ поради повлекувањето од Авганистан.

Afghanistan US Soldat Amoklauf USA Militär Panjwai
САД крати пари во воениот буџет поради повлекувањето од АвганистанФотографија: AP

Во Бразил и Индија причините за намалување на трошоците во одбраната се малку поинакви и се поврзани со економијата во двете земји.

„Бразил го скрати воениот буџет за да го намали растот на економијата и за да ја задржи инфлацијата под контрола“, вели експертката Солмирано.

Индија во минатите години континуирано ги зголемуваше своите воени трошоци. Во апсолутни бројки порастот во 2011-та беше 8,5 проценти, „но поради високата инфлација во реални бројки има намалување во трошоците“, објаснува Солмирано.

Русија се опремува

Од СИПРИ забележуваат дека во минатата година рускиот воен буџет е зголемен за 9,7 проценти. Москва потрошила речиси 72 милијарди американски долари, со што е веднаш зад САД и Кина на третото место по воените трошоци, пред Франција и Велика Британија.

Зголемените трошоци во одбраната се за да се превенира колапс на рускиот воен систем, велат независните руски експерти.

„Тоа е еден вид на компензација за долгогодишното недоволно финансирање“, смета Руслан Пучов, директор на Центарот за стратегиски и технолошки истражувања во Москва. По крајот на Советскиот Сојуз, поголемите договори во одбраната се направени последен пат во 1992 и 1993 година, констатира исто така и Владислав Шурјигин. „Потоа имаше само индивидуални набавки“, вели тој. Ако трошоците сега не се зголемеа, тогаш на руската армија и’ претстоеше опасност да падне на ниво на африканските земји, велат независните воени експерти во интервју за Дојче веле.

Russland Militärparade Symbolbild Ausgaben Militärhaushalt
Русија, за замена на старата опрема, минатата година потрошила 72 милијарди долариФотографија: picture-alliance/dpa

Како и да е, спасувањето со зголемен воен буџет носи и ризици. „Фактот дека трошоците се високи не значи дека тие се правилно искористени. За време на долгата фаза на недоволно финансирање многу офицери ја напуштија армијата, а технологиите беа загубени“, смета Владислав Шурјигин. Пуков, пак, додава дека руската армија во моментов радикално се модернизира и го критикува големото трошење, бидејќи според негово мислење главните проблеми на Русија не лежат во одбранбениот сектор.

„Се работи за подготовка за ризиците од југот и истокот на земјата, каде состојбата воопшто не е стабилна. Од една страна би можело да дојде до прелевање на насилство од централно-азиските земји, по планираното повлекување на НАТО од Авганистан. Од друга страна, Русија се граничи со растечката сила Кина, како и со Грузија, која ја потврди својата подготвеност за воен конфликт“, смета Руслан Пучов.

Исто така и Кина сака да фати приклучок

Кина не сака да биде инфериорна. Минатата година владата ги зголеми воените трошоци за 6,7 проценти во споредба со минатата година. Годинава зголемувањето ќе биде за 11,2 проценти. Кинеските трошоци во одбраната претставуваат два проценти од БДП, а за споредба САД трошат повеќе од четири проценти од БДП за одбраната.

China / Militär / Peking
Кина со инвестирањето во одбраната го фаќа чекорот со останатите светски силиФотографија: Reuters

Една од главните причини за зголемените кинески трошоци е да се модернизираат воените сили и нивната опрема. Џу Ксуеву, директорот на Центарот за глобални студии на Универзитетот во Бон, вели дека Американците се пред Кина 20 или 30 години во воениот капацитет.

„САД мораат сега да кратат во воениот буџет поради финансиските потешкотии. Тоа е можност за Кина да го фати приклучокот, посебно во делот на морнарицата и воздухопловните сили“, вели Ксуеву.