1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Финансиско-политички триумф на Обама

21 мај 2010

Плановите за реформа на финансискиот пазар во САД минаа уште една пречка. Сенатот го усвои соодветниот пакет закони. Предлогот предвидува и построга контрола на банките и осигурителните компании.

https://p.dw.com/p/NTdm
Американскиот Сенат го усвои пакетот закониФотографија: picture-alliance/dpa

На гласањето имаше 60 гласа за и 40 против. Со тоа беше донесена одлуката, изјави сенаторот Роланд Буриц од Илиноис, кој претседаваше со Сенатот кога реформата на американското финансиско стопанство ја надмина најзначајната парламентарна препрека.

Barack Obama in Cairo
Голем внатрешно-политички успех на ОбамаФотографија: AP

Имено, по тринеделната дебата Сенатот на САД сега во голем дел заврши со разговорите на таа тема и претседателот Обама е на најдобар пат да постигне уште еден внатрешно-политички успех. Среќен поради исходот, по гласањето на Сенатот тој даде куса изјава и ја критикуваше американската финансиска економија: „Минатата година финансиската индустрија постојано се обидуваше да ги стопира реформите, со голем број лобисти и рекламни спотови вредни повеќе милиони долари. Денеска можам да кажам, дека финансиската индустрија не успеа во тоа.“

Тројца републиканци го поддржаа предлогот на мнозинството од демократите, меѓу нив и почетникот Скот Баун од Масачусец. Двајца демократи гласаа против, затоа што според нив предлог-законот не е далекусежен.

Посилна контрола над финансискиот сектор

Wall Street / Börse / Dow Jones
Зголемена контрола на трговијата со дериватиФотографија: AP

Во пакетот закони, кој има скоро 1.500 страници, меѓу другото зацртана е и посилна контрола над банките и осигурителните компании, а се предвидува и можноста да се затворат банките кои со својот банкрот би можеле да предизвикаат колапс во финансискиот сектор. Притоа со законот се предвидува служба за заштита на потрошувачите, која треба да спречи злоупотреба од страна на претпријатијата за кредитни карти и хипотекарни банки.

Исто така ќе се зголеми и контролата на тргувањето со деривати. Тоа се хартии од вредност, чија вредност зависи од развојот на курсот на акциите или од цените на суровините. Но, американските парламентарци не успеаја да усвојат забрана на таканаречената бланко-продажба како во Германија. Исто така нема повторно да се воведе поделба на нормалната работа на банките со онаа на инвестиционите банки, што беше применувано во САД во 90-те години.

Добра соработка во Сенатот

USA Parteien Republikaner und Demokraten Logo Elefant und Esel
Републиканците и демократите имаат добра соработкаФотографија: AP GraphicsBank/DW

Се‘ уште не е конечно решено дали на банките во иднина ќе им се забрани ризични шпекулации на сопствена сметка, како што би сакале некои од демократите од левото крило на партијата. На оваа тема се‘ уште се дискутира. Претседателот на пратеничката група на демократите во Сенатот, Хери Рид даде пофалба дека околу овој закон во целина имало добра соработка помеѓу демократите и републиканците, за разлика од досегашните одлуки: „Сметам дека ова беше добра дебата. Сенатот треба почесто да работи вака. Ова е добар сигнал за иднината.“

Потребно е да се направи уште многу до конечното усвојување на реформата на финансискиот пазар на САД. Најпрво, предлогот на Сенатот и значајно поопсежниот предлог-закон на претставничкиот дом мора да се претопат во еден предлог. Потоа двата дома уште еднаш мора да гласаат дало претседателот Обама ќе може со својот потпис да го одобри пакетот закони во Белата куќа. Ова може да потрае до крајот на јуни, очекуваат набљудувачите во Вашингтон.

Автор: Ридигер Паулерт/ Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Александра Трајковска