1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Финска - избори

19 март 2007
https://p.dw.com/p/AgMi

Владејачката Партија на центарот во Финска на премиерот Мати Ванханен е победник на парламентарните избори во земјата. Според прелиминарните резултати, Партијата на центарот со 23,1 процент освоени гласови освои тесно мнозинство пред опозиционите конзервативци, кои во новиот парламент освоија 50 места. Тие добија доволно гласови 22,3% кои даваат можност за евентуално учество во новата владејачка коалиција. Главниот коалиционен партнер на Центарот, Социјалдемократите, освоија 21,4%. Конечните резултати од изборите ќе бидат соопштени во среда.