„Фич“ ја намали прогнозата за кредитниот рејтинг на Србија
17 август 2012„Фич“ наведува дека негативната прогноза е поради влошувањето на фискалните позиции на Србија и нејзиното надворешно финансирање, како и индикаторите за слаб економски раст.
„Новата Влада наместо да се фокусира на корекција на фискалниот дефицит и јавниот долг го промени законот за Централната банка на начин кој ја ослабна довербата на инвеститорите и кој може да го комплицира договорот за нов кредит од Меѓународниот монетарен фонд“, се наведува во соопштението на агенцијата.
Минатата недела кредитната агенција „Стандард енд Пурс“ го намали кредитниот рејтинг на Србија на „ББ минус“, со негативна прогноза. Како причина, исто така, се наведува усвојувањето на законот со кој се зголемува контролата на Парламентот врз Централната банка.
„Фич“ ја ревидираше прогнозата за фискалниот дефицит на Србија во 2012. година на 6,5 проценти, од проектираните во мај 5,5 проценти од Бруто домашниот производ (БДП).