1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фишер за Косово

12 април 2007
https://p.dw.com/p/AgEi

Судбината на Косово е поврзана со судбината на ЕУ, и ако Европа остане поделена околу Косово, нејзиниот кредибилитет како надворешнополитички фактор ќе и опадне, изјави поранешниот шеф на германската дипломатија Јошка Фишер. Според Фишер, предлогот за надгледувана независност на Косово, на специјалниот пратеник на ОН, Ахтисари е единственото одржливо решение. Но, тој предупреди дека ЕУ ќе биде таа којашто ќе мора да коегзистира и со Србија и со Косово. Според Фишер ЕУ мора да има единствен став за Косово, а на Србија да ја поддржи во евроинтегративните процеси.