1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ФК Келн заробен во минатото

10 август 2010

Фудбалскиот клуб Келн, некогашен германски првак, одамна не забележал позначаен резултат на фудбалските терени. Помеѓу минатото и сегашноста - се` уште во Втората лига - живеат и фудбалерите и нивните страсни навивачи.

https://p.dw.com/p/OfLd
Фотографија: picture-alliance/dpa

Фудбалскиот клуб Келн, со 51.528 членови е на четврто место меѓу клубовите во Бундеслигата, веднаш по Баерн, Шалке и Хамбург. Неговите навивачи сонуваат за Националниот шампионат и за учество во Лигата на шампионите, но клубот не бележи големи успеси како изминатите децении.

Fußball FC Köln HSV Hamburg 3:3
Очекувањата на верните фанови на Келн се се` уште големиФотографија: AP

Михаил Маер, менаџер на клубот, нема влакна на јазикот кога станува збор за актуелната фудбалска сезона: „Минимална цел ни е да бидеме пред Борусија Менхенгладбах на табелата, а потоа да го совладаме Бајер Леверкузен.“

Да се порази Бајер Леверкузен - тоа значи дека желбата да се избега од неуспесите е посилна од кога било. „Никогаш повеќе во Втората лига, никогаш!“, можеше често да се чуе на стадионите во Втората лига на кои, во минатото, играчите на ФК Келн вкупно четирипати го прославуваа својот успех. Тогашните визии изгледаа сосема поинаку. Претседателот Волфганг Оверат, самиот заштитно лице на клубот и светски првак од 1974 год кој функцијата претседател ја презеде во 2004 год, вели: „ФК Келн, заедно со Баерн Минхен, Хамбург, Шалке и Дортмунд им припаѓа на првите пет или шест најдобри, а мораме и интернационално повторно да бидеме на врвот.“

Повторно на врвот - како во шеесетите и седумдесеттите години. Во 1964 година ФК Келн стана првиот германски првак во историјата на Бундеслигата, а во 1978 под водство на легендарниот тренер Хенес Вајсвајлер го прослави најголемиот триумф во историјата на клубот: двојна круна, победа во Националниот шампионат и во Купот на Германија. ФК Келн вкупно трипати го има освоено Купот на Германија - во 1983 година и тоа токму против градскиот ривал Фортуна Келн. Овој триумф остана единствен цели 27 години. Она што следуваше потоа е пораз во финалето на купот на УЕФА против Реал Мадрид и две вицешампионски титули под водството на тренерот Кристоф Даум, меѓудругите и со светските прваци од 1990 година: Пјер Литбарски, Бодо Илгнер и Томас Хеслер во тимот.

1. FC Köln Meisterschaftsfeier 1978
ФК Келн - Првак во 1978 годинаФотографија: picture-alliance/Sven Simon

Надеж за нови успеси

Некогашниот клуб, кој беше успешно воден од неговиот претседател Франц Кремер, по неколкуте неуспеси во 1998 и бројните малверзации на раководството, се` почесто беше ословуван како „карневалски клуб“ на насловните страни од весниците. Се` уште не е јасно каде завршија милионските суми за трансферот на Томас Хеслер.

Lukas Podolski
Враќањето на Лукас Подолски дава нови надежи за ФК КелнФотографија: DPA

Во меѓувреме, тренер на клубот стана Хрватот Звонимир Солдо кој во јавноста се покажува релативно смирен и воздржан. Со маскотата, јарецот „Хенес“, кој се’ уште не се пензионира и со враќањето на Лукас Подолски од Бајерн, ФК Келн се надева на нови успеси. „Многу сум му благодарен на клубот; тој е еден и единствен! Срцето засекогаш ќе ми остане во Келн“, вели Подолски.

Очекувањата на фановите на Келн, кои му останаа верни на својот клуб и го бодреа и во Втората лига, се се` уште големи. Затоа и не чуди како менаџерот Маер гледа на својот клуб: „Главни обележја на ФК Келн, покрај традицијата, се големата страст и успехот!“

Автор: Оливија Фриц/ Далибор Стајиќ

Редактор: Александра Трајковска