1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фолкландски острови

3 април 2007
https://p.dw.com/p/AgHZ

На вчерашната 25 годишнина од Фолкландската војна,Аргентина го повтори својот став дека и припаѓа британската островска група во Јужниот Атлантик.Малвините се аргентински,изјави вицепретседателот Даниел Скиоли,наведувајќи го шпанското име на островите.Аргентина ги запоседна во 1982 година,сакајќи да ја преземе контролата врз нив од Британците. Во десетнеделната војна за Фолкландските острови загинаа повеќе од 900 аргентински и британски војници.