1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фондот за спас „недемократски и противуставен“

Дафне Гратвол / Александар Методијев1 јули 2012

Европскиот механизам за стабилност и Фискалниот пакт се одобрени од германскиот парламент, но илјадници Германци ги здружија силите за да покренат правна акција против овие мерки.

https://p.dw.com/p/15Otv
Фотографија: picture-alliance/dpa

Европскиот механизам за стабилност (ЕМС), со своите 700 милијарди евра, треба да претставува препрека за продлабочувањето на должничката криза во еврозоната. 17-те членки, кои ставија потпис на договорот, треба да уплатат пропорционална сума на пари во Европскиот механизам за стабилност или, пак, да ги чуваат на страна, за да можат да бидат преземени ако е потребно.

Неуплатениот капитал може да биде побаран во секое време од Бордот на раководители, главното тело на ЕМС, кое го претставуваат членови на владите и е одговоно за финансиските прашања. ЕМС може да дава заеми и да прифаќа залог од банките.

Познати противници

Земјите потписнички се договорија за ЕСМ, бидејќи како што стои во договорот тие се „посветени на одигурувањето на финансиската стабилност во еврозоната“.

Противниците на договорот велат дека тоа не треба да се прави по секоја цена. Повеќе од 12.000 Германци се приклучија на „Повеќе демократија“ – сојузот за жалба до Уставниот суд за ЕСМ и Фискалниот пакт.

PK Verein Mehr Demokratie zu Verfassungsbeschwerde zu ESM- und Fiskalvertrag
Кристоф Дегенхарт (десно), експерт за уставно право од Лајпциг, и Херта Дојблер Гмелин (во средина), поранешна сојузна министерка за правдаФотографија: picture-alliance

Тие планираат во судот во Карлсруе да поднесат тужба против инструментите за зачувување на еврото. Кристоф Дегенхарт, експерт за уставно право од Лајпциг, и Херта Дојблер Гмелин, поранешна сојузна министерка за правда, го предводат сојузот, во кој се вклучени и некои од помалите политички партии во Германија.

Друг познат критичар е Петер Гаувајлер, пратеник од редовите на Христијанско-социјалистичката унија, кој има искуство со тужбите против европските фондови за спас. Тој се бори на два фронта: со приговор за противуставност и со правна акција против сојузната влада. Тој вели дека парламентот до сега и не расправал за договорот, бидејќи недостасуваат значајни страници од ЕМС.

И левичарска партија покрена слична акција против владата, а и незини претставници поднесоа приговор за противуставност на договорот.

Забелешките се дека од една страна се напушта принципот оти ниту една земја членка нема да гарантира за долговите на друга земја членка, а од друга страна Бордот на раководители ќе има неограничена одговорност. Ставот на експертот Кристоф Дегенхарт е дека со фискалниот пакт се поткопува и буџетската сувереност на парламентот.

Verfassungsgericht stoppt Lissabon Vertrag Archiv
Стравувањата се дека со европските договори за помош ќе се загуби буџетската сувереност на германскиот парламентФотографија: AP

За уставна Европа

„Ние сме многу проевропски настроени, но сме за уставна и демократска Европа“, вели Херта Дојблер Гмелин. Таа додава и дека ако мораат да се префрлат суверените права на германскиот парламент, тогаш тоа треба да се направи на демократски избраните претставници, односно тие права да се префрлат на Европскиот парламент.

Законот се’ уште не е потпишан од претседателот Јоахим Гаук, бидејќи тој сака да ја почека одлуката на Уставниот суд. Тешко е да се предвиди каков би бил исходот од покренатите постапки пред судот.