1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фон дер Лајен: Скопје и Тирана заслужија преговори со ЕУ

БГ
27 ноември 2019

Новата претседателка на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен се заложи за отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија. Таа ја потврди „европската перспектива“ на земјите од Западниот Балкан.

https://p.dw.com/p/3TrKf
DW-Interview Ursula von der Leyen, EU-Kommissionspräsidentin
Фотографија: DW/B. Riegert

Новата Европската комисија која ќе ја предводи германската политичарка Урсула фон дер Лајен ќе се залага за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. При претставувањето на својата програма и на прес-конференцијата по неа, Фон дер Лајен уште еднаш потврди дека проширувањето е еден од приоритетите на Брисел, иако е согласна дека преговарачкиот процес може да се подобрува, согласно барањата на Франција.

„Цврсто сум убедена дека е наш стратешки интерес да го држиме Западниот Балкан што поблиску до нас“, рече денеска Фон дер Лајен.
„Северна Македонија и Албанија, од кои ние многу баравме, заслужија да ги отворат преговорите. Сега се работи за тоа да го убедиме целиот Европски совет.“

„Го прифаќам и го сметам за легитимно барањето за реформа на преговарачкиот процес, но исто така сметам дека двете земји со исполнувањето на условите кои ние ги баравме од нив, се приближија до ЕУ и заслужија да започнат преговори“, рече Фон дер Лајен.
И првиот човек на најголемата парламентарна група во Европскиот парламент Манфред Вебер вчера ги повика шефовите на држави и влади на ЕУ да одобрат почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија уште до крајот на годинава.
На следниот самит на ЕУ во декември, Европскиот совет мора да даде зелено светло за тоа, порача германскиот политичар за време на парламентарната расправа во Стразбур.
Недозволиво е, од една страна да течат преговорите со Турција, а од друга страна, на Северна Македонија да и се кажува дека не може да биде членка на ЕУ.
„Ова што го правиме е лудо“, рече Вебер од групата на конзервативците. Според него, она што се случило на самитот на ЕУ во октомври е „трагедија".