1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Форлан му ја донесе титулата на Атлетико

13 мај 2010

Шпанскиот фудбалски клуб Атлетико Мадрид е прв освојувач на шампионскиот пехар во нововостановената Европа Лига. Атлетико во возбудливото финале во Хамбург во кое се играа и продолженија го совлада Фулам со 2:1.

https://p.dw.com/p/NMh0
Диего Форлан при постигнувањето на првиот гол за АтлетикоФотографија: AP

Фудбалерите на Атлетико Мадрид влегуваат во историјата како први освојувачи на пехарот во новото натпреварување, Европа Лига, која го наследи Купот на УЕФА.

Првото финале во Европа Лигата се одигра на „Нордбанк Арената“ во Хамбург. Јунак на натпреварот беше уругвајскиот репрезентативец Диего Форлан, кој беше стрелец на двата гола за Атлетико . Шпанскиот тим поведе со голот на Форлан во 32-та минута,крунисувајќи ја подобрата игра на почетокот на натпреварот. Меѓутоа, пет минути подоцна англискиот клуб Фулам преку Сајмон Дејвис го изедначи резултатот на 1:1. Резултатот остана таков и по 90 минути игра.

Fußball FC Fulham Atletico Madrid Mai 2010
Форлан го постигнува победоносниот голФотографија: AP

Прв европски трофеј за Атлетико по 48 години

Победоносниот гол Форлан го постигна на асистенција на Серхио Агуеро во 116-та минута.

Fußball FC Fulham Atletico Madrid Mai 2010
Британскиот актер Хју Грент верен навивач на Фулам го следеше натпреварот на стадионот во ХамбургФотографија: AP

„ Се‘ уште не сме свесни каков успех постигнавме, но ќе сфатиме наскоро. Го заслуживме пехарот, бидејќи вечерва бевме подобар противник од Фулам. Победата им ја посветувам на семејството и навивачите. Имаме малку време за славење, а потоа треба да мислиме на финалето на „Кралскиот Куп“, изјави стрелецот на двата гола Форлан по синоќешниот натпревар.

Ова е прв европски трофеј за Атлетико Мадрид по освоениот Куп на победниците на куповите во сезоната 1961/62. За англискиот премиерлигаш Фулам ова беше прво големо финале во европските купови.

Автор:СН/ЖА/миа/ дв

Редактор: Жана Ацеска