1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Формула 1: драматична трка во Имола - Алонзо им одолеа на нападите од М. Шумахер

25 април 2005
https://p.dw.com/p/Ael8
Алонзо 13 кругови го имаше М. Шумахер зад грбот, но не му дозволи да го претекне
Алонзо 13 кругови го имаше М. Шумахер зад грбот, но не му дозволи да го претекнеФотографија: AP

Трката за Големата награда на Сан Марино на патеката во Имола беше една од највозбудливите во последниве години во светското првенство во автомобилизам формула 1. Бранителот на титулата Михаел Шумахер од 13-та стартна позиција, на која се најде по сопствена грешка за време на вториот официјален тренинг, во трката успеа да стигне до 2-то место. Во завршницата цели 13 кругови тој се обидуваше да го мине и водечкиот Фернандо Алонзо од тимот на Рено, но младиот шпански возач извонредно го издржа притисокот и ја забележа третата последовна победа во оваа сезона, со што убедливо води во генералниот пласман. Во екипна конкуренција Рено е далеку напред и е победник на сите 4 трки во шамионатот досега.

Во Имола се покажа дека Ферари со новиот болид може да конкурира за највисок пласман, но не треба да се заборави ни дека на тренингот најбрз беше Кими Рајконен од Мерцедес Мекларен, кој и во трката имаше сигурно водство до моментот кога поради дефект мораше да се откаже. Така, има многу причини да се очекува годинашново првенство да биде интересно и неизвесно.