1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Форум, а не картел?

Агенции (емф)24 декември 2008

Најголемите извозници на гас во светот, во Москва основаа организација налик на организацијата на земјите извознички на нафта - ОПЕК.

https://p.dw.com/p/GMPZ
Фотографија: AP/picture-alliance/dpa/DW

На средбата на министрите на најголемите земји извознички на гас во Москва, создадена е организацијата ГЕЦФ, а донесен е и нејзин статус, изјави рускиот министер за енергија, Сергеј Шматко. Форумот ќе има седиште во Катар. Покрај Русија и Катар, дел од организацијата која се состои од 14 земји, се и Иран и Алжир. Заедно, земјите, според сопствени наводи, држат 42% од вкупното производство на гас во светот. Цел на организацијата е размена на информации за потрошувачката и корисниците, а се има намера и да се создаде заеднички пазар за течен гас. Прашањето кој ќе претседава со организацијата ќе биде расчистено на наредната средба.

Гасот ќе поскапи

Набљудувачите стравуваат дека форумот ќе стане картел како што е ОПЕК, за да може по договор да ги зголемува цените на гасот. Рускиот премиер, Владимир Путин се обиде уште на почетокот на средбата да ги смири ваквите стравувања. Тој нагласи дека производителите, потрошувачите на гас и транзитните земји имаат потреба од транспарентни и трајни врски кои ќе почиваат врз пазарна основа. Но, поради драстичното зголемување на трошоците за експлоатација на енергетските резерви, цената на гасот, долгорочно, ќе се зголемува, рече Путин: „Тоа значи дека времето на евтин гас и покрај финансиските проблеми, рецесијата и, во моментов, ниските цени на нафтата и гасот, наскоро ќе зарши.“

Treffen der Erdgas exportierenden Länder in Moskau
Учесниците на средбата во МоскваФотографија: AP

Досега, од 2001 година наваму, постоеше неформален форум на државите извознички на гас. Со новата организација треба подобро да се координира политиката во сферата на гасот на земјите кои се дел од формуот.