Форум Европа – Африка
23 мај 2007Меѓутоа, критиките се насочени кон неодржувањето на ветувањата. За да не се повтори Глениглс, во Берлин се состанаа Африканците и Европејците на партнерскиот форум за Африка на кој се обрати германската канцеларка Ангела Меркел, инаку домаќин на самитот на Г-8:
„Знаеме дека станува збор за веродостојност. Затоа ќе неправиме се да ги оствариме целите. Тие се амбициозни, но знаеме и што би се случило ако не се исполнат„.
Претседателот на Боцвана Фестус Могае укажа на еден посебно специфичен факт во последниов период: Европејците треба да ја исползуваат шансата што им ја нуди Африка и помалку да се чудат за настапот на Кина на континентот:
„Една работа што не ја разбирам и затоа ја отфрлам, е возбудата околу ангажманот на Кина во Африка. Кина едноставно покажува рационален економски однос. Има голема потреба од суровини и затоа се обидува да се обезбеди. И тоа го прави на свој начин„.