1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Бајерн ја „прегази“ Барселона со 8:2

ЖА
15 август 2020

Фудбалскиот клуб Бајерн Минхен ѝ нанесе историски пораз на Барселона во четвртфиналниот двобој на Лига на шампиони

https://p.dw.com/p/3h0Qo
Champions League Barcelona Bayern München Tor Müller
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Fernandez

Баварците до врв ја наполнија мрежата на Барселона, тим кој цела сезона немаше пораз во Лигата на шампиони, тренерот Кике Сетиен немо седеше на клупата гледајќи го срамното издание на својата екипа. Меси, Суарез и останатите фудбалери на Барселона со наведнати глави го напуштија тревникот на стадионот во Лисабон. Бајерн поведе уште во 4. минута со голот на Томас Милер, на нашата #ФотографијаНаДенот со победнички крената рака. Бајерн со оваа победа се пласира во полуфиналето на Лига на шампиони.

Бајерн Минхен ја слави титулата: Како беше лани, а како е сега?