1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Воздушен „нокаут“ за Лукашенко

ЖА
5 јуни 2021

Од полноќ авионските компании од Белорусија веќе не смеат да летаат во воздушниот простор на ЕУ. Поради принудното приземјување на авион на Рајанер, Брисел најави и натамошни економски санкции против Минск.

https://p.dw.com/p/3uSnz
Flughafen Frankfurt l Flugzeug l Fluggesellschaft Belavia (BLR) 737-8ZM
Фотографија: Wolfgang Minich/picture alliance

ЕУ реагира со санкции поради тоа што белорускиот диктатор Александар Лукашенко пред две недели нареди присилно приземјување на авион на Рајанер за да го уапси опозицискиот новинар Роман Протасевич, заедно со неговата пријателка, кои оттогаш се наоѓаат во затвор.

Авионот на Рајанер се наоѓаше на лет од Атина кон Вилнус во Литванија, а Протасевич, кој живееше во егзил, се наоѓал на листа на барани лица во Белорусија.

ЕУ го осуди загрозувањето на безбедноста на летот и нападот врз слободата на печатот.

На белоруските авиокомпании од денеска веќе не им е дозволено слетување на аеродромите во ЕУ, ниту користење на воздушниот простор на членките на Унијата.

Државната белоруска авиокомпанија веќе ги откажа привремено летовите кон Германија, Полска, Италија, Австрија, Холандија, Шпанија и Белгија. 

Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) со седиште во Женева ја критикува одуката на ЕУ.

Според ИАТА, забраната за прелети над трета земји претставува „политизација на воздушната безбедноста“ и „ретрограден и разочарувачки развој“.

Шефот на ИАТА Вили Валш изјави: „Неправда и неправда не прават правда. Политичарите никогаш не смеат под плаштот на безбедноста во воздушниот сообраќај, да спроведуваат политички или дипломатски агенди.“

ЕУ пак планира дополнителни економски санкции и казнени мерки против лица и институции учесници во акцијата во Белорусија. Постои единство дека треба да бидат избрани бранши и фирми кои по можност нема да го погодат цивилното население. Уапсениот Роман Протасевич во изминатите две недели двапати беше принуден да дава изјави во прилог на Лукашенко преку белоруската телевизија.