1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Глобални ученички протести за заштита на климата

СН/ агенции
16 март 2019

Младите ширум светот го кренаа гласот против климатските промени. Учениците во преку 2000 градови во светот ја напуштија наставата за да протестираат за поголема свест кај возрасните за заштита на климата.

https://p.dw.com/p/3FAX7
Kanada Schüler protestieren fürs Klima
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/R. Remiorz

Демонстранции кои се одржаа под мотото „Петоци за иднината“ имаше во преку 120 земји. Учениците апелираа до одговорните навистина да дејствуваат против климатските промени, предупредувајќи ги дека со недејствување ја уништуваат нивната иднина.

Повеќе:

-Петоци за иднината: протести на ученици во речиси 100 земји

Оваа #ФотографијаНаДенот е направена во Монтреал, Канада, каде се одржа еден од најмасовните протести во рамките на глобалниот ученички штрајк за климата инспириран од протестот на 16-годишната ученичка од Шведска Грета Турнберг. Таа од овгуст минатата година секој петок излегува на протест пред зградата на парламентот во Стокхолм и бара од владата намалување на емисиите на штетни гасови. Во глобалната акција се приклучија и младите од Скопје.