1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Големи ерупции на Стромболи

СН /дпа,афп,ртр
4 јули 2019

Стромболи, пред брегот на Италија, е еден од најактивните вулкани во светот и туристички магнет. Две силни ерупции предизвикаа страв и паника кај мештаните и туристите

https://p.dw.com/p/3LYaF
Großer Ausbruch am Vulkan Stromboli
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/ANSA

Изгледа спектакуларно, но како и секоја голема вулканска ерупција така и овие последните на Стромболи во прв ред значат голема опасност. Еден турист од Сицилија кој се искачувал на вулканот загинал откако бил погоден од камења кои биле исфрлени во воздухот по ерупцијата. 
900 метри високиот вулкан Стромболи на истоимениот остров припаѓа кон најатктивните вулкани во светот, Тој се наоѓа на околу 100 километри северно од брегот на Сицилија. Само околу 500 луѓе живеат постојано на островот, меѓутоа секое лето доаѓаат и многу туристи.