1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Денови на жалост

СН/агенции
24 ноември 2021

Во Северна Македонија денеска е втор ден на жалост по трагедијата на автопатот „Струма“ во Бугарија. Денеска знамињата се на половина копје и во Бугарија и во Косово.

https://p.dw.com/p/43OdO
Истрагата за причините за трагичната незгода на македонскиот автобус во Бугарија е во тек
Истрагата за причините за трагичната незгода на македонскиот автобус во Бугарија е во текФотографија: Minko Chernev/BTA/AP Photo/picture alliance

Македонската влада вчера прогласи тридневна жалост на територијата на целата држава за жртвите од сраотната сообраќајна несреќа во Бугарија, во која загинаа 45 патници, а седум лица беа повредени откако македонски автобус се запали на магистралниот пат „Струма“ на потегот Софија – Благоевград.

Во автобусот вкупно имало 52 лица. Седуммината повредени се хоспитализирани на Клиниката во Софија. Меѓу загинатите, 12 се деца.

За време на деновите на жалост државното знаме на сите институции, како и на дипломатските претставништва на земјава во странство, се истакнати на половина копје, а одложени се сите јавни настани.

Ден на жалост за настраданите во автобуската несреќа денеска е прогласен и во Бугарија и во Косово.