1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Култура

Денот на вљубените во дигиталната ера

СН/агенции
14 февруари 2020

Вљубените од целиот свет на денешниот Св. Валентин традиционално на најразлични начини ја искажуваат и докажуват својата љубов.

https://p.dw.com/p/3XlBD
WhatsApp Emojis
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Sommer

Цвеќиња, картички и чоколадни бомбони, овие три работи важат за вообичаени подароци за Празникот на вљубените , но на овој 14 февруари се полага и на креативноста така што нема граници за тоа како ќе се изрази љубовта. А ерата на социјалните мрежи нуди нови креативни начини да се изрази љубовта. На вљубените , се чини, на располагање им стои бесконечен избор на симболи „имоџи“ за искажување на најубавото човеково чувство.