1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Саудиски жени првпат на стадион

ЕМФ
13 јануари 2018

Оваа фотографија е исклучителна: првпат во историјата на Саудиска Арабија жени следат фудбалски натпревар на стадион.

https://p.dw.com/p/2qnAs
Saudi Arabien Erstmals Frauen bei Fußballspiel im Stadion
Фотографија: Reuters/R. Baeshen

На стадионот, на кој се играше натпреварот меѓу Ал Ахли и Ал Батин, вчеравечер за семејства беа резервирани 14.000 места. Натпреварот заврши со победа на Ал Ахли од 5:0. Под резултатот на интернет корисниците постираа и „Жени 1 - Мажи 0“.

Во текот на наредните денови жените смеат да следат уште два натпревара во Ријад и Дамам. Отворањето на стадионите за жените е дел од низата општествени реформи во исламско-конзервативната земја.