1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заборавено љубовно писмо во старо бенџо

6 септември 2018

При реставрирањето на старо бенџо, во него е пронајдено заборавено љубовно писмо од 1946. година кое зборува за невозвратена љубов и едно скршено срце.

https://p.dw.com/p/34P8l
BdT Sammler findet Liebesbrief von 1946 in Banjo
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Woitas

Соседската мачка на нашата #ФотографијаНаДенот стои пред два бенџо-инструменти во дворот на хоби-музичар и собирач на инструменти во градот Маркнојкирхен во Саксонија. Со едниот од нив, оној лево, е поврзана интересна приказна. При реставрирањето на инструментот, кој потекнува од 1930 година, во процеп во дрвото е откриено писмо. Било датирано на 17. ноември 1946. година, а го напишала жена по име Ани до својот љубовник, известувајќи го за загубата на својот маж и син, како и за несреќниот живот што го води. Тогашниот сопственик на бенџото очигледно ја напуштил и со тоа ѝ го скршил срцето, а писмото го заборавил во инструментот.