1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Забрана за употреба на пластични кеси во Германија?

12 август 2019

Германската министерка за екологија Свења Шулце планира закон за забрана на употреба на пластични кеси и редуцирање на пластични амбалажи.

https://p.dw.com/p/3Nkhq
Deutschland Symbolbild | Einkaufen mit Plastiktüten
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Kraufmann

Класичните пластични кеси на касите во многу супермаркети веќе се наплаќаат, што е резултат на доброволната обврска која Министерството за екологија ја има веќе договорено со трговците. Според нејзиното министерство, употребата на пластични кеси во земјата од 2015 година е намаленa за 64%. Министерката Шулце планира наесен да договори со трговијата натамошни ограничувања, посебно намалување на пластичните пакувања за овошје и зеленчук. Но, многумина експерти предупредуваат дека забраната не е секогаш плодоносна, зашто алтернативите, како хартиените кеси не се исто добри за екологијата, а пластичните кеси се ионака само мал дел од пластичниот отпад, на пример во Германија нивниот удел во вкупната маса на пластична амбалажа и пакувања изнесува еден процент. 

Производството и увоз на пластични кеси инаку се забранети во 61 земја.