1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Зградата во Флорида е целосно урната

5 јули 2021

Зградата во Сурфсајд, Флорида, која се урна делумно пред 11 дена, вчеравечер беше целосно урната со контролирана експлозија.

https://p.dw.com/p/3w1l7
USA | Teilweise eingestürztes Wohnhaus in Florida gesprengt
Фотографија: Lynne Sladky/AP Photo/picture alliance

Објектот е целосно урнат поради загриженост за стабилноста на руината, со оглед на приближувањето на тропската бура „Елза“. Потрагата по преживеани во текот на викендот беше привремено запрена и треба да продолжи по уривањето на зградата.

Надежите дека под урнатините ќе бидат пронајдени преживеани се сѐ помали. Досега беа извлечени телата на 24-ца загинати. Како исчезнати сѐ уште се водат повеќе од 120 лица, но не е јасно колкумина од нив биле навистина во зградата во моментот на нејзиното делумно уривање.

Зградата, изградена во 1981 година, делумно се урна во ноќта кон 24 јуни, а причините се сѐ уште непознати. При контрола на објектот во 2018 година било утврдено дека има „големи структурни штети“ .