1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зимска идила како пред еден век

СН/ агенции
10 февруари 2018

Воз со парна локомотива минува низ снежна долина. Ваква фотографија веројатно можела да биде направена и пред повеќе од сто години. Се разбира црно-бела.

https://p.dw.com/p/2sRQO
BdT Winter auf dem Brocken
Фотографија: picture-alliance/dpa/K.-D. Gabbert

Оваа #ФотографијаНаДенот меѓутоа е направена деновиве во германската област Харц, која како и целата земја веќе неколку денови е цврсто во канџите на повторно разбудената зима. На неа се гледа како возот на Железницата на тесни шини на Харц (ХСБ) минува низ од снег завеаната шума во една долина во овој ридско-планински регион.