1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Култура

Идилична културна престолнина

СН/ агенции
4 јануари 2019

Покрај бугарскиот Пловдив, европска престолнина на културата за 2019 година е и италијанското место Матера. Прекрасното градче деновиве е разубавено и со снежна покривка.

https://p.dw.com/p/3B1PE
BdTD Italien Matera Kulturhauptstadt 2019
Фотографија: Imago/Zuma/C. Martemucci

Матера е еден од најстарите и најнеобичните градови во светот. Прочуен е по неговите пештерски домови во локалитетот Саси ди Матера ( карпи на Матера) кои се дел од листата на светско културно наследство на УНЕСКО. Се смета дека во овие живеалишта издлабени во варовничките карти луѓето започнале да ги прават уште пред 9000 години, што ги прави веројатно најстаро човечко живеалиште во Италија. Но градот со 60 илјади жители во областа Базиликата, може да се пофали и со други знаменитости а од вчера изгледа уште поидилично поради снежната покривка.