1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Илјадници земјоделци на протест со трактори

27 ноември 2019

Без земјоделци нема храна и нема иднина - стои на плакатот кој беше еден од многуте на протестот на илјадници земјоделци од цела Германија собрани во Берлин.

https://p.dw.com/p/3Tned
Berlin: Bauern legen Zentrum von Berlin lahm
Фотографија: DW/N. Smolentceva

Тие го блокираа главниот град за да стават до знаење дека со постојаното заострување на прописите за заштита на животната средина и заштита на инсектите и на водата се загрозува нивната егзистенција. Фармерите бараат да бидат повеќе вклучени при носењето на нова регулатива и сакаат да се цени повеќе она што го работат. На илјадниците лути земјоделци надлежната министерка Јулија Клекнер им вети помош за прилагодување на промените и повика на дијалог.